Служби за жртвите на криминалот во Викторија (Services for victims of crime in Victoria - Macedonian)

Линијата за помош за жртвите од криминал на Владата на Викторија нуди бесплатни информации, совети и поддршка за вас и вашето семејство.

Линија за помош за жртвите од криминал

Отворено: од 8.00 наутро до 23.00 попладне, 7 дена во неделата
Јавете се на: 1800 819 817
Текст порака на: 0427 767 891
Емаил: vsa@justice.vic.gov.au

Јавете се, испратете текст порака или емаил до линијата за помош:

  • дознајте како да пријавите криминал до полицијата
  • најдете други служби кои што можат да ви помогнат
  • дојдете до информации за тоа како работи правосудниот систем на Викторија
  • добиeте поддршка ако треба да сведочите во суд
  • добиeте помош при аплицирање за надоместок и финансиска помош - ако ви следува
  • дознаeте што можете да направите за да ја зачувате својата безбедност и безбедноста
    на вашето семејство.

Aко сте во опасност во моментов, јавете се на полицијата на три нули (000). Вие исто така можете да појдете во полициска станица.

Ние им помагаме на луѓето во многу различни ситуации

Секоја година, им помагаме на илјадници луѓе на различна возраст, пол и култура кои што се жртви на криминал.

Ние можеме да помогнеме дури и кога вие не сакате да пријавите криминал во полицијата

Постојат добри причини за да се инфомира полицијата за криминал. Тие ќе ја примат вашата пријава сериозно и ќе пробаат да го најдат лицето што го извршило криминалот. Тие исто така можат да ве заштитат.

Aко не сте спремни да направите пријава или ако не ви е удобно да зборувате со полицијата, линијата за помош ќе:

  • зборуваат со вас и ќе ја разбере ситуацијата
  • најдат служби што ќе можат да ви помогнат, дури и ако не сакате да го пријавите криминалот
  • помогнат да зборувате со полицијата, ако сакате.

Можете да користите и толкувач

Ако е потребно, линијата за помош ќе ви обезбеди бесплатен толкувач. Вие исто така можете да замолите некого да се јави на линијата за помош за да ви обезбеди толкувач.

За да добиете толкувач:

  1. јавете се на линјата за помош на 1800 819 817
  2. кажете го вашето име, бројот на телефонот и јазикот
  3. ќе ви се јави толкувач

Кога ќе ви се јави толкувач, можно е на вашиот мобилен телефон да ви се покаже ‘private number’, ‘blocked’ или ‘no caller ID’.

Services for victims of crime in Victoria - information in Macedonian (Македонски)
PDF 139.5 KB
(opens in a new window)

Updated